„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, во разговор за Канале 5, даде објаснување за протоколарната грешка при посетата на Генералштабот.
„Воопшто не сум љубителка на протоколи. Не. Е сега, и денеска тезата дека сум требала да стојам заедно, не е точна. Значи јас треба да стојам еден чекор напред. Еве да кажам зошто се свртев накај војниците. Знаете ли зошто? Јас им се обратив денеска прв пат, но прашав дали смеам. Е ова не е баш весело што ќе го кажам. Дали смеам да им речам, војници и старешини здраво, туку почитувани војници и старешини. Поради една многу тажна вест. Бидејќи, непосредно по моето стапување на функција, се случи трагична смрт на војник од 25 години. Тоа мене како мајка ме вознемири. Јас се видов со неговата мајка и ноќта разговарав. И денеска им се обратив нив, а седницата кај министерот за одбрана и кај начајлникот на генералштабот замолив да започне со едноминутно молчење, во чест на младиот војник“, рече Давкова.
Инаку, дел од медкиумите пишуваа дека таа направи протоколарна грешка при посетата на Министерството на одбрана и Генералштабот на Армијата.
Имено, Давкова прво не застанала во линија со министерот за одбрана и со началникот на Генералштабот на Армијата, туку исчекорила еден чекор понапред.
Потоа, наместо по протокол да остане во линија со своите двајца домаќини, Давкова се заврте накај оркестарот.
