Непослушноста ќе му пресуди на следниот продолжен викенд
Некои од граѓаните на ја почитуваат мерката за носење маски и затоа Министерството за здравство и Владата ќе анализираат како ќе се организира движењето во текот на следниот продолжен викенд.
„Видовме слики има граѓани кои почитуваат и голем број на граѓани кои овие мерки не ги почитуваат - мерката на разлабавување ја носиме со задолжително носење маски. Ќе анализираме овие денови и ќе видиме како ќе се однесува за празникот односно за Први мај. Се плашиме од несакан ефект и во таа насока ќе биде одлуката, рече денеска министерот Венко Филипче.
Фактор веќе објави дека се размислува идниот викенд кој е презничен забраната за движење да важи во петок односно да почне од четврток.
Министерот најави дека ќе бара казнувањето за неносење маски да почне веднаш.
Србија веќе одлучи карантинот да почнува од четврток попладне.
