Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неподвижна жена изгоре во Охрид- пожар го зафатил станот

Неподвижна жена изгоре во Охрид- пожар го зафатил станот

Пожар, кој избувнал утрово околу 7.15 часот во стан на улица Туристичка во Охрид, кој е во сопственост на М.Д (71) повторно одзеде човечки живот. Во пожарот изгорела М.Д која била неподвижна. 

Основното јавно обвинителство јавува дека по пријава од сосед, веднаш бил направен увид со надлежни екипи од Министерството за внатрешни работи.

„Во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, јавниот обвинител издаде Наредби за прибирање на траги од лице место врз кои претстои вештачење. Ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната енергија во станот, како и екипи на крим техника. Основното јавно обвинителство Охрид издаде и Наредба за вршење на обдукција над телото на починатата“, се наведува во соопштението.​


Слично

Поврзани вести