Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА ОБЈАВИЛЕ ДЕКА СКОПЈЕ НЕМА ДА ИМА ВОДА: Од Водовод велат водоснабдувањето нема да се прекине, ќе бараат одговорност

НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА ОБЈАВИЛЕ ДЕКА СКОПЈЕ НЕМА ДА ИМА ВОДА: Од Водовод велат водоснабдувањето нема да се прекине, ќе бараат одговорност

Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, информираат од ЈП Водовод и канализација.

,,За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.

Утре сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење" велат од претпријатието.

Слично

Поврзани вести