Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија, вели Царовска
Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија, изјави министерката за образование, Мила Царовска вечерва во „Само интервју“ на Канал 5.
Таа вели дека концепцијата за основно обрзование не е избрзана и таа е работена врз база на повеќе истражувања и анализи кои се цитирани во влезниот дел на документот.
„Проблем настана кога започнаа во јавноста да се пласираат лажни вести поврзани со предметот историја“, рече Царовска.
Таа додаде дека со години го бираат тајминот за промени и сега е крајно време за преземање конкретни чекори. Царовска вели дека Британија има поврзани географија и историја, и учениците заедно ги учат.
Досега имаше критики за ваковиот чекор, особено затоа што спорења на јазикот, нацијата и историјата има од соседна Бугарија.
Најсвеж е примерот од вчера за ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев.
