Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОФИЦИЈАЛНО: ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ПРПАРИМ БАЈРАМИ, ПРЕТРЕС ИМАЛО И КАЈ ГРУБИ - сомневања за криминал во Државна лотарија

НЕОФИЦИЈАЛНО: ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ПРПАРИМ БАЈРАМИ, ПРЕТРЕС ИМАЛО И КАЈ ГРУБИ - сомневања за криминал во Државна лотарија

Според неофицијални информации, утрово полициски екипи извршиле претрес во неколку домови, а причина се сомневања за организиран криминал направен во државна Лотарија. Засега од МВР ова не го коментираат. 

Како што е познато екс заменик премиерот Артан Груби утрово се огласи на Фејсбук дека е во Косово, во приватна посета, што следуваше откако на социјалните мрежи се појави информацијата дека тој избегал од земјава. Груби инсистираше да не се шпекулира околу неговото патување. А, наводно, според медиумите, утрово бил вршен претрес и во неговиот дом. 

Наши извори велат дека во рамки на таа голема акција МВР наводно го бара и Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија на Македонија. Но, ни тој не бил најден во неговиот дом, а полицијата се сомнева дека бил пребеган во Косово уште пред неколку месеци, но неговите роднини дале ветување дека ќе се врати.

Екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами уште лани беше обвинет од тогашната опозиција дека изнајмувал локал за 21.000 евра месечно од фирма чиј сопственик е член на Управниот одбор на Лотарија, Шабан Азмовски Хамза и тоа со договор на 10 години. За лани Лотарија имала предвидено над 970.000 евра за наем и реконструкција на деловен простор, всушност за истиот локал, откри Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

И Бајрами и Хамза биле дел од кабинетот на Артан Груби во Министерството за политички систем.

Слично

Поврзани вести