Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неофицијално нема укинување на притворот за Сеад Кочан

Неофицијално нема укинување на притворот за Сеад Кочан

Според засега неофицијални информации мнозинството врховни судии не го поддржува рефератот со кој ќе требаше да се отвори простор за укинување на притворот на Сеад Кочан, пренесува Алсат-М од свои извори.

Без оглед што мерката притвор за Сеад Кочан е активна повеќе од еден месец бизнисменот и сопственик на ТВ Нова и натаму не е лоциран, ниту пак има информации од МВР дали може да биде екстрадириран.

Иако требаше да се разгледува, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски ја повлекол другата точка на дневниот ред, со која ќе се забранеа сите прислушувани разговори како доказ во судска постапка. Засега не е познато кога, но и дали оваа точка повторно ќе се најде на дневниот ред.

Слично

Поврзани вести