Неофицијално крвна одмазда е мотив за нападот во Батинци
Полицијата сеуште трага по убијците откако во утринските часови во Батинци едно лице почина, а едно е поврдено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје по пукањето од автомобил „мерцедес“.
Последната информација од МВР е дека кон двајцата браќа било пукано од автомобил, и дека полициските екипи работат на пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје.
Напаѓачите биле маскирани, а нивниот „мерцедес“ имал германски регистрациски таблички. Неофицијално,напаѓачите се упатиле кон село Драчевица, а областа беше пребарувана со полициски хеликоптер.
За мотивите на нападот сè уште нема точни информации, но се претпоставува дека може да биде поврзано со крвна освета за инцидент што се случил пред околу 15 години, кога било убиено дете, што ги принудило браќата, кои биле мета на непознатите напаѓачи, да се скријат во Италија.
