Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОФИЦИЈАЛНО: АЛИЈАНСА ЌЕ ЈА ДОБИЕ ПОЗИЦИЈАТА ПРВ ЧОВЕК НА УЈП - Лукаревска би заминала на позицијата министерка за животна средина?

НЕОФИЦИЈАЛНО: АЛИЈАНСА ЌЕ ЈА ДОБИЕ ПОЗИЦИЈАТА ПРВ ЧОВЕК НА УЈП - Лукаревска би заминала на позицијата министерка за животна средина?

Според информации на Фактор, во преговорите кои се водат со Алијанса за Албанците, наводно било договорено таа партија да го добие местото директор на Управата за јавни прихиоди.

А, тие извори говорат дека сегашната директорка на даночната администрација, Сања Лукаревска, наводно ќе оди во Владата, односно ќе ја добие позицијата министерка за животна средина. 

Додека, пак, како име од СДСМ кое би можело да ја добие позицијата министер за животна средина, се споменувала и извесна Каја Шукова, која исто така била во игра за оваа функција.

Овие информации Фактор се обиде да ги потврди или демантира во СДСМ, но оттаму се уште нема официјална изјава.

Фактор уште пред неколку дена имаше информации дека од Алијанса за Албанците се заинтересирани за една многу важна директорска позиција, а тоа е она на Управата за јавни прходи, институцијата која ги собира даночните и другите приходи во земјава, и која практично го одржува финансискиот крвоток на државата.

Извори од УЈП за Фактор тогаш изјавија дека се работи за шпекулации.

„Во сите политички преговори, УЈП секогаш е интересна за пазарење. Но, најверојатно се работи за шпекулации“, изјави тогаш нашиот извор.

Соговорници ни изјавија и дека СДСМ не се расположени да го предадат ова место во рацете на Алијанса. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести