НЕОЧЕКУВАНА ВЕРЗИЈА: Бугарскиот пасош му ја „отворил вратата“ на Груевски кон Будимпешта?
Унгарскиот весник Непшава пишува дека унгарската влада учествувала во организација и реализација на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта.
Најсериозната информација пак која ја објави тој медиум, како што пренесе Телма, е дека Никола Груевски патот Скопје-Будимпешта го поминал со бугарски пасош.
„Проверете со бугарските влати“, бил одговорот на членот на унгарската влада кој се занимава со прашањето за азил на Груевски. Новинарите ги интересирало како екс македонскиот премиер стигнал во Будимпешта без патна исправа која му ја одземал судот во Скопје.
Слично
