НЕОЧЕКУВАН КРАЈ: По крвавата увертира, „шведски“ трансфер на власта!
Протоколарно примопредавање на министерските функции со размена на меѓусебни пораки и сугестии - вака досегашните министри ги предадоа кабинетите на идните министри од Владата предводена од коалицијата СДСМ, ДУИ и Алијанса на Aлбанците. Некои пред камери, но некои зад камерите, дел јавно дадоа изјави, а дел од кабинетите на досегашните министри испратија соопштенија и фотографии или воопшто не се појавија во јавност за чинот на примопредавање. Кој си оди, а кој доаѓа, што наследуваат новите министри? Тимот на новиот владин состав го чека тешка задача која бара сериозни чекори.
Новиот претседател на Владата на РМ Зоран Заев седна во премиерскиот кабинет. Ја презеде функцијата од досегашниот технички премиер Емил Димитриев. Во зградата на Владата дојде придружуван од неколку членови од новиот владин кабинет.Заев изјави дека со Димитриев разговарале за работниот амбиент. Димитриев му порачал на Заев дека состојбата во државата не е сјајна, но не е ни драматична. Заев најави дека веднаш штом ќе направат увид ќе ја запознаат јавноста со ситуацијата во државата, но најави и дека ќе има „чешлање“ на премиерскиот кабинет за да се провери дали има системи за прислушување или снимање.
„Се надеваме дека такво нешто нема, но во минатото бевме сведоци и на такви ситуации, па затоа ќе има проверка бидејќи овој кабинет покрај професионален е и приватен простор за премиерот. Бев запознаен со сите неопходни детали што треба да ги знам, согласно целиот протокол. Бев информиран за салите за состаноци, помошните простории, бев запознаен и со ситуацијата во државата“ изјави Заев.
Македонија за прв пат доби жена министер за одбрана. За меѓународниот углед и надворешната позиција на Македонија ќе се грижи новата министерка за одбрана Радмила Шеќеринска Јанкоска. Досегашниот министер Зоран Јолевски и го предаде кабинетот.
„Ќе се обврзам на неопходните реформи кои ќе ја зголемат нашата безбедност и ќе гарантираат професионална и ефикасна армија“ изјави нагласи Шеќеринска Јанкоска.
Досегашниот министер Јолевски ги презентираше на досегашните постигнувања во одбраната, како и на престојните предизвици.
На министерската позиција во Министерството за внатрешни работи дојде Оливер Спасовски, кој оваа функција ја вршеше и од 11 ноември 2015 до 18 мај 2016 година во Владата која требаше да обезбеди услови за спроведување фер и демократски избори. Од министерското место заминува досегашниот технички министер Агим Нухиу, кој на Спасовски му посака среќа и успех во работата, порачувајќи му дека во МВР има многу работи што треба да се подобрат. Спасовски му се заблагодари на Нухиу, но изрази жалење што во времето додека Нухиу бил министер се случиле неубави настани.
Со Министерството за надворешни работи ќе раководи Никола Димитров. Од кабинетот си заминува Никола Поповски. Уште на првиот работен ден Димитров имаше средба со амбасадорите на Словенија и Хрватска и Синдикатот на Македонската дипломатска служба.
Тевдовски, Николовски, Манчевски- одговорни за финансиите, земјоделството и адмнистрацијата
За приходите и расходите во државната каса од сега ќе биде одговорен Драган Тевдовски од СДСМ. Досегашниот министер од редодите на ВМРО ДПМНЕ Кирил Миноски зад камерите му го предаде кабинетот, а од фографиите се гледа дека и покрај меѓусебените критики на чинот на примопредавање на заедничка маса пиеле кафе. Кабинетот на Миноски за примопредвањето информираше преку соопштение и фотографии. Откако ја презеде функцијата Тевдовски се запозна со вработените и направи обиколка на министерството. Тевдовски на министерското место доаѓа од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде е вонреден професор.
Без официјални изјави и новинарски пршања, помина примопредавањето на функциите меѓу досегашниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски и идниот Кочо Анѓушев.Во неформалниот разговор, Пешевски му порача на Анѓушев дека има многу за работа во неговата област, Анѓушев пак возврати дека економијата е како велосипед и мора постојано да се вртат педалите.
Си упатуваа остри критики и обвинувања, до степен што на едниот додека беше дополнителен заменик-министер за земјоделство не му беше дозволено да држи пресови во министерските сали. Но, дали реално и само за пред очите на јавноста, досегешаниот министер за земјоделство Михаил Цветков и новиот министер Љупчо Николовски имаа мирољубиво примопредавање на функцијата- со кафе за добредојде. Николовски вети дека ќе работи чесно и во интерес на земјоделците, и ќе работи на тоа земјоделците да останат настрана од политичките игри. Вети 160 милиони евра субвенции годишно.
„ Ќе работам чесно и одговорно и со апсорбирање на сите професионални и стручни капацитети безразлика на нивната партиска припадност, не треба замјоделците да ги делиме на ниту една основа, туку со сите сили да се насочиме со креирање на издржлива политика“, изјави Николовски.
Досегашниот министер Цветков му порача на Николовски дека влегува во сериозен сектор и оти има многу проекти за продолжување во насока на развој на земјоделството.
„На него и на владата е да оценат оние проекти кои се добри да ги продолжат и стојам на располагање да им помогнам“, изјави Цветков.
Во Министерството за Инфомратичко општество и адмнистрација влезе Дамјан Манчевски. Кабинетот му го досегашната министерка Марта Арсовска Томовска. Во прогрмата на новата Влада, во овој сектор меѓу другото се најавуваат даночни олеснување за сите ИКТ компании кои извезуваат софтвер и услуги и намалување на данокот на добивка за информатика и информациски технологии на пет проценти.
Царовска, Десковска, Алаѓозовски, ги преземаа функциите социјала, образование и култура
Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика од досегашниот министер Ибрахим Ибрахими. Новата министерка уште првиот работен ден имаше средби со вработените и состаноци со цел да се запознае со тековните работи во министерството. Царовска нагласи дека како министерка за труд и социјална политика основното начело според кое ќе се раководи во извршување на функцијата ќе биде професионалноста, стручноста, мотивацијата и искуството, со единствена цел МТСП да биде сервис на граѓаните.
"Верувам дека заедничка цел ни е да работиме исклучиво во интерес на граѓаните и затоа потенцирам дека ќе се фокусираме на транспарентна и активна соработка оставајќи ги на страна поделбите базирани на политичка, верска или било каква лична определба. Од 8:30 до 16:30 часот сите ние сме администрација во служба на граѓаните“, изјави Царовска.
Со Министерството за образование ќе раковиди Рената Тренеска Дескоска. Досегашниот министер Пиштар Љутфиу и го препушти кабинетот но и вети дека ќе биде на располагање за консултации со новата министерка.Тренеска Дескоска изјави дека ќе работи на подобрување на квалитетот на образованието и враќање на дигнитетот на наставниците и професорите За тоа дали ќе има зголемување на платите на вработените во образованието, таа појасни дека зголемувањето на просечната плата е едно од, ветувањата во Програмата на СДСМ. По укинувањето на екстерното тестирање, новата министерка за образование најави можно стопирање и на други образовни реформи од кои според неа немаат никаков бенефит. Нов закон за високо образование е еден од приоритеите на ноивата влада. Во министерството веќе се подготвува формирање на работна група која ќе ги вклучи и експертите и невладините.
По девет години Елизабета Канческа Милевска, излегува од министерството за култура. Денеска му го предаде кабинетот на новиот министер Роберт Алаѓозовски. На новинирате по барање на Канческа - Милевска како што ни соопштија од нејзиниот кабинет, не им беше дозволено да го проследат примопредавањето на функцијата. Пред камерите се појави само новиот министер.
Новиот владин состав бори 25 министри, од кои седум се министри без ресор. Примопредавање на функциите имаше и во другите министерства, а дел ќе се извршат во следните денови.
Т.С
