Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ненајавена средба: Османи со Борисов на Софискиот аеродром

Ненајавена средба: Османи со Борисов на Софискиот аеродром

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретнал со бугарскиот премиер Бојко Борисов, на Софискиот аеродром. Тој објави фотографии со Борисов, но не соопшти како се случила средбата, зошто и за што се разговарало.

„Средба со Премиерот на Р. Бугарија Бојко Борисов на Софискиот Аеродром, напиша единствено Османи.


Османи преку Софија всушност денеска лета за Берн, а Борисов оди во работна посета во Виена за да оствари средби со повеќе лидери на земји-членки на ЕУ.

Спроед најавената агенда Османи денеска ќе престојува во работна посета на Швајцарија и на Шпанија. Работните посети  на Швајцарија и Шпанија се дел од дипломатските активности за презентација на европското досие на земјата, но и во насока на мобилизација на нашата дијаспора за вклучување во процесот на самопопишување во рамките на Попис 2021.

На 24 февруари Османи соопшти дека исто така дека ненајавено се видел со бугарската министерка за надворешни работа Екатерина Захариева, попатно кога се враќаше од Париз.

Беше соопштено подоцна дека на средбата биле разгледани актуелностите поврзани со кризата од КОВИД и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици. 


Слично

Поврзани вести