Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ненад Јосевски нов директор на „Дрисла“

Ненад Јосевски нов директор на „Дрисла“

Ненад Јосевски е назначен за нов в.д.директор на јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“, на местото на Александар Кузинаков.

Јосевски е поранешен заменик директор на АД „Пошта“, а во „Дрисла“ е назначен од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска.

 Како што соопштија од Град Скопје минатата недела,  Кузинаков, кој на функцијата е од септември 2022, е разрешен поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување.

„За неговото работење до Градот Скопје пристигнати се бројни пријави со индиции за злоупотреба и пречекорување на овластувањата за што Градот Скопје веќе најави ад хок ревизија. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје“, стои во соопштението од Град Скопје.


Слично

Поврзани вести