Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМОЈ ДА МИ ПРОДАВАТЕ ПУФКИ: Најчевска распали за МАНУ

НЕМОЈ ДА МИ ПРОДАВАТЕ ПУФКИ: Најчевска распали за МАНУ

Профеосорката Мирјана Најчевска реагираше и даде објаснување дека не бара МАНУ да додаде северна, туку дека МАНУ треба да биде на Северна Македонија а не македонска.

„Не знам на кој јазик зборувам, ама очигледно е различен од тој на новинарите.

Не, не барам МАНУ да додаде севрна, туку сметам дека Академијата на науки треба да биде Академија на Северна Македонија а не македонска.

И немој да ми продавате пуфки и да ми тврдите дека македонска е поширока од етничкото значење.

Кога се пее Македонско девојче тоа може да биде од било која етничка заедница во Македонија или само од македонската?

Значи, мора да се раздели етничката припадност од она што претставуваат институции на државата во мултикултурна држава како што е Македонија.

Во спротивно секоја етничка заедница ќе бара своја академија на науките.

Значи или е институција на државата или е етнички определена институција.

Не може две во едно.

Јас сум етничка Македонка, а Академијата на науките е академија на Република Северна Македонија.“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести