Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМЕТАЛИ ОГРАЖДЕН СО ГОЛЕМА ДОБИВКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА - направија пресврт, од загуба до раст од 260 отсто

НЕМЕТАЛИ ОГРАЖДЕН СО ГОЛЕМА ДОБИВКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА - направија пресврт, од загуба до раст од 260 отсто

Компанијата „Неметали Огражден“ од Струмица како и повеќето домашни компании го објави Билансот на успех за изминатиов период од почетокот на годината. А податоците од нивниот Биланс покажуваат голем раст на добивката кој компанијата успеа да ја направи наспроти постигнувањата во истиот период претходната година.

Бројките од Билансот на успех на објавени на Македонска берза, покажуваат дека АД Неметали Огражден Струмица за првите три месеци од годината ја зголемила добивката за фасцинантни 260 проценти.

Оперативните приходи во анализираниот период се зголемени за 5 отсто на годишно ниво, при што приходите од продажба бележат раст од 6 проценти. Во структурата, продажбата на домашниот пазар е намалена за 50 отсто поради пониска реализација на стоки, додека приходите од странските пазари се зголемени за 15 проценти благодарение на поголема продажба кон постојните клиенти. Во исто време, останатите приходи се намалени за 70 отсто.

Сепак, финансискиот резултат пред оданочување покажува значително подобрување и достигнува 5,45 милиони денари или околу 88,7 илјади евра, наспроти загубата од 3,4 милиони денари или околу 55,4 илјади евра во истиот период минатата година, што претставува раст од 260 проценти.

На страната на расходите е забележано намалување од 21 отсто. Трошоците за суровини и материјали се намалени за 8 проценти, иако во нивната структура трошоците за суровини се зголемени за 46 отсто, додека трошоците за енергија се намалени за 12 проценти, а за резервни делови за 28 отсто. 

Трошоците за услуги бележат значително намалување од 77 проценти, додека останатите трошоци од работењето се намалени за 14 отсто. 

Од друга страна трошоците за вработени се зголемени за 3 отсто, а финансиските расходи се повисоки за 19 проценти.

Во текот на првиот квартал од 2026 година не е исплатена дивиденда. Од компанијата посочуваат дека не изготвуваат финансиски план, но очекуваат растот на приходите да продолжи и во наредниот период, иако неизвесноста останува на страната на трошоците, особено во делот на енергенсите. Сепак, очекувањата се дека ќе се задржи позитивен финансиски резултат.

П.О.

Слично

Поврзани вести