НЕМАШЕ ПОТРЕБА ОД ВАКВИ ТЕАТРИ: Милевски од ЛДП очекува Заев да им соопшти што договорил
Немаше потреба од вакви театри, секако очекуваме премиерот Зоран Заев да не информира за договорот со Алтернатива за да знаеме дали тоа за нас е прифатливо, изјави вчера попладнето Горан Милевски, лидерот на ДОМ откако Заев и Африм Гаши договорија детали околу влегувањето на оваа партија во владеачкото мнозинство. ЛДП заедно со ДОМ имаат три пратеници а едно министерско место, односно токму Милевски е министер за локална самоуправа.
„Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се фокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговори и целата енерија на политички чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени.
Очекуваме премиерот Заев и јавноста и нас како коалициони партии да не извести, да знаеме во каква нова влада влегуваме, дали тоа за ЛДП е прифатливо или не. Се разбира тоа е наша заедничка одлука со ДОМ, изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски.
