Економија, финансии, бизнис

Контакт

Немаше кворум, тројца пратеници се позитивни на коронавирусот

Немаше кворум, тројца пратеници се позитивни на коронавирусот

Tројца пратеници од мнозинството се позитивни на коронавирусот, поради што денеска немаше кворум за да го утврди дневниот ред.  Спикерот Талат Џафери соопшти дека во Собранието се присутни 59 пратеници од мнозинството. 

„Тројца пратеници се спречени да присуствуваат на оваа седница затоа што се заразени со коронавирусот. Двајца од нив добиле одлука за изолација, бидејќи се позитивни на ковид-19, а третиот пратеник, кој има симптоми, очекува резултати“, рече Џафери. 

Рече дека поради здравствената состојба на пратениците денеска не може да го утврди дневниот ред. Пратениците дополнително ќе бидат известени кога ќе се одржи гласањето. Собраниската седница продолжи со точката број 67, за Законот за тутун поднесен од група пратеници од мнозинството.

Слично

Поврзани вести