Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМАМЕ ДОВОЛЕН ПРОЦЕНТ КОЈ МОЖЕ ДА НЕ ЗАШТИТИ: Невакцинираните може да заболат и да завршат во болница со компликации, предупредува Филипче

НЕМАМЕ ДОВОЛЕН ПРОЦЕНТ КОЈ МОЖЕ ДА НЕ ЗАШТИТИ: Невакцинираните може да заболат и да завршат во болница со компликации, предупредува Филипче

Треба да се постигне имунитет од 80 проценти, а ние сме далеку од тоа. Со новите соеви, индискио,т на пример, вирусот повтрно многу брзо се шири, затоа се нашите апели  граѓаните да се вакцинираат, посочи денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по посетата на на реновираното крило на ТОАРИЛУЦ .

Уште еднаш нагласи дека размислуваат за воведувања некакви ограничувања од септември или од месец октомври, доколку се соочиме со нов бран

-Треба граѓаните да се свесни, дека ако не се вакцинираат, може да се заразат со вирусот кој може да ги смести во болница и може да имаат сериозни компликации. Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември, октомври. Не можеме сите да страдаме, заради големиот број невакцинирани, а во моментов највисок процент од заразените се невакцинирани граѓани, рече Филипче.

Министерот истакна дека биле свесни дека во даден момент ќе се соочат со антивакцинална кампања, како што беше случај и со епидемијата на морбили пред две години.

-Но, тогаш веднаш интервениравме и епидемијата на морбили ја сузбивме преку вакцинацијата, а беше воведена и забрана во градинките и училишта да не се примаат невакцинирани деца. Тоа треба да е доказ колку моќно оружје е вакцината во борба против пандемија. Ние ќе продолжиме да го држиме системот отворен  – пунктовите за вакцинација без закажување на термин, теренска вакцинација на сите места каде што се поминало пак ќе се оди, отворени се пунктовите за деца…Но, тоа не е процент што може да не заштити, нагласи министерот.

А.Б.


Слично

Поврзани вести