Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕМАМ ПОИМ ДАЛ ОГЛАСОТ ЗА ДИРЕКТОР НА ЗОО Е ПОНИШТЕН НИ ДАЛИ МЕ ОДБИЛЕ“: Галетановски - адвокат ќе оди деновиве да ги подигне документите ако се уредно прегледани

„НЕМАМ ПОИМ ДАЛ ОГЛАСОТ ЗА ДИРЕКТОР НА ЗОО Е ПОНИШТЕН НИ ДАЛИ МЕ ОДБИЛЕ“: Галетановски - адвокат ќе оди деновиве да ги подигне документите ако се уредно прегледани

Поранешниот директор на ЗОО, Ѓорѓи Галетановски, кој конкурираше на последниот оглас на градот за вработување нов директор на зоолошката, вели дека не знае до каде е постапката, но рече дека ќе прати адвокат да ги подигне документите ако се уредно платени.

„Бидејќи јас неможам да ви одговорам на сите пораки и прашања во врска со огласот за директор во ЗОО Скопје сакам да ве известам дека и јас поим немам нит дал е поништен нит дали ме одбиле така да ќе оди адвокат деновиве да ги подигне документите доколку се уредно прегледани.

Сакам и да ве замолам да не ми праќате мене слики и прашања за моментални ситуации таму бидејќи јас не сум во тек со ништо во зоолошка и неможам ништо да помогнам од оваа ситуација, а и не сакам посебно не на моменталниот тим што ја води бидејќи таму не ни има директор таму колегите се оставени сами на себе и секоја им чест.

Тврдам дека Зоо Скопје мора да се деполитизира и како што кажав стојам на истиот став и збор нека назначи градоначалничката било кој за директор јас ќе бидам прв што ќе му помогне и со програма и спонзори и се. Дотогаш Ви благодарам на сите за поддршката. За европска зоолошка“, напиша тој на фејсбук.


Слично

Поврзани вести