Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМАЛО МАЧЕЊЕ И НЕЧОВЕЧНОСТ: Мијалков и Алфите ослободени за апсењето на Бошковски

НЕМАЛО МАЧЕЊЕ И НЕЧОВЕЧНОСТ: Мијалков и Алфите ослободени за апсењето на Бошковски

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК и полициските Алфи се ослободени од обвинение за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на Љубе Бошковски. Основниот кривичен суд Скопје денес донесе ваква пресуда со образложение дека обвинителството не докажало дека е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Дополнително вештачењето врз душевната состојба не покажало дека има психички и кардиоваскуларни проблеми кои траеле неколку дена, настанати како последица од апсењето.

Бошковски беше апсен во јуни 2011 година пред ресторанот Воденица во Скопје. 

Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата ,,Алфи".


Слично

Поврзани вести