Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

По веста дека патници кршеле прозорци за да избегаат од автобус во кој се појавил чад, од компанијата „Ројал травел“ посочуваат дека во нивниот автобус имало чад, туку станувало збор за пареа. 

Од компанијата посочиле дека од надворешната страна на автобусот имало пареа од греењето, но дел од патниците кои патувале сами предизвикале непотребна паника.

- Надвор имаше пареа, немаше чад, само ги искршија стаклата и излегоа. Патниците ги фати паника, не сакале да завршат трагично, но всушност ништо не се случи. 

Во разговор сме и со членовите на семејството, немаме проблем со никого, сите велат дека нема проблем, само дел од патниците предизвикаа непотребна паника - нагласуваат од Ројал травел за ТВ21.

Во меѓувреме ниту до МВР не е пријавен случај поврзан со искршените стакла на авотубост.

Фото: Принтскрин/ТВ21

Слично

Поврзани вести