НЕМАЛЕ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ: Бугарското МНР се огради од видеото на Џамбаски
Бугарското Министерството за надворешни работи се огради и го оцени како нессодветно видеото на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, откако вчера македонското МНР упати протестна нота.
Велат дека пораките на видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската Влада. Додаваат дека Бугарија нема територијални претензии кон други земји.
Од бугарското МНР забележуваат дека видеото на Џамбаски се појавило по тридневно молчење на македонската Влада, која ја повикале да се огради од клеветничките публикации на словенечката невладина организација Меѓународен институт за Блискоисточни и балкански студии.
Насловот на скандалозниот изборен е спот е „Mакедонија е бугарска, а Бугарија е над се“.
Од Брисел деновиве повикаа двете страни да се воздржат од провокации.
