Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМАЛ ДОКАЗ ОД КАДЕ МУ СЕ ПАРИТЕ: Полицијата уапси велешанец кој носел над 110.000 евра

НЕМАЛ ДОКАЗ ОД КАДЕ МУ СЕ ПАРИТЕ: Полицијата уапси велешанец кој носел над 110.000 евра

Полицијата вчера околу 12.12 часот на патот Македонски Брод-Прилеп уапси велешанец кој имал повеќе од 110.000 евра. 

Во место викано „Суводолска крстосница”, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп го уапсиле М.Н.(52) од Велес.

При преглед во возилото „мерцедес” со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, се пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда. Тој е приведен во полициска станица. Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести