Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО И ГОРИВО ЗА ДА ГАСНАТ ПОЖАРИ: гори во околината на Велес, само по четири пожарникари на терен

НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО И ГОРИВО ЗА ДА ГАСНАТ ПОЖАРИ: гори во околината на Велес, само по четири пожарникари на терен

Два пожари на отворено се активни денеска во околината на општина Велес. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, едниот пожар кој започнал уште од вчера во попладневните часови и понатаму гори, а на терен има четири пожарникари со едно возило. 

- Во моментов има активни два пожари на територијата на Општина Велес. Првиот е активен од 09.07.2024 од 16.30 часот помеѓу селата Отиштино и Оризари каде гори сува трева и трње на голема површина. Гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило - соопштија од ЦУК.

Исто така во околина на Велес има пожар кај селата Караслари каде е испратена екипа од територијата на Велес, се бара вклучување на вработентие во Македонски шуми, кои поради доцнење на платите се без здравствено осугурување, не излегуваат на терен. 

- Вториот пожар е активен од 10.07.2024 од 01.15 часот и е помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста викана Венуле. На овој пожар покрај сува трева гори и шума. На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес. Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата, истите не биле исправни и регистрирани возила тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот. Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување... 

Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите - дополнуваат од ЦУК. 

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести