Нема забрани на патиштата, но сообраќајот се одвива отежнато - Бидете внимателни
Според информациите на Автомото сојузот на Македонија утрово сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонија пат. Нема веќе активни забрани на ниту еден патен правец и речиси секаде е проодно.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
Слично
