Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ: Излези за Воздух!

НЕМА ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ: Излези за Воздух!
Во понеделник здружени неколку Граѓански здруженија и иницијативи организираат протест во знак на револт од енормно загаденот воздух во главниот град и земјава. „Времето не гази, а воздухот и понатаму ни го зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е!  Се здруживме и одлучивме дека ќе кажеме НЕ!“, стои во пораката со која го најави протестот насловен ако „ИЗЛЕЗИ ЗА ВОЗДУХ“. Тие ги повикаа сите кои дишат, а не сакаат да умрат, да им се приклучат на протест на 28ми декември (понеделник) во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија. Протестираме против загадувањето на воздухот! Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје! Излези за воздух! Граѓански здруженија и иницијативи: - Еко Свест - Фронт 21/42 - Eco Guerilla (Тетово) - За нас се работи (Битола) - Заслужуваме подобро! - Воздух Сега! - Ние сме Карпош 4 - Ајде! - No Pasaran! - Факултет за работи што не се учат - Стоп за фабриката Железара - Ќе дишеме или ќе издишеме - Скопје Смог Аларм - Стоп за загадувањето на Аеродром и Гази Баба - Го сакам ГТЦ - Плоштад Слобода - Профицио
Слично

Поврзани вести