НЕМА ВОДА: Нема да има хоспитализација на деца во болницата во Козле
Министерството за здравство информира дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата– Козле нема да хоспитализира пациенти.
„Веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи“, соопштија вонредно од таму.
Како што пишува во соопштението, оваа иницијатива „е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти“.
Кажано е дека по нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата - Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа.
