Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ВЕЌЕ КОРИСТЕЊЕ ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ЗАБРАНЕТИ ВО ЕУ – новини во Законот за фитофармација, се „заоструваат“ правилата

НЕМА ВЕЌЕ КОРИСТЕЊЕ ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ЗАБРАНЕТИ ВО ЕУ – новини во Законот за фитофармација, се „заоструваат“ правилата

Ќе се намалува бројот на членови на Стручната комисија од областа на фитофармацевтските производи и ќе се додефинираат условите за членство во неа со измените на Законот за фитофармација кои веќе се пред народните избраници. Меѓу другото сега ќе се дефинира степенот на квалификација и стручноста на образованието за научно истражувачките полиња. Воедно, како што е посочено ќе се намалуваат роковите за постапување по доставените барања и дефинирање на конечноста на постапката, давање на легитимитет на научно-истражувачка институција или надлежен орган да има определени права во целокупнта постапка.

-  Со измените кои се предлагаат ќе се овозможи скратување на административните процедури, ангажирање на стручни лица во Стручната комисија согласно измените во новата Уредба за утврдување на научно-истражувачките полиња. Се даваа определени права и обврски на научно-истражувачките институцији и се дефинират постапката и видот на документација кој е предмет на обработка со добивање на карактер на деловна тајна кое е директно поврзано со понатамошно дејствување на постоечките економски оператори – се посочува во Законот.

Притоа е истакнато дека со овие законски измени ќе се регулира употребата на фитофармацевтскиот производи за кој во земјите на Европската унија има донесено акт за забранета употребата и истите кај нас се нерегулирани. Фитосанитарната управа ќе има обврска да донесе управен акт за период на употреба и да донесе забрана за користење.

Меѓу другото во него е дефинирано дека кога повлекувањето или истекот на решение за одобрување на фитофармацевтскиот производ се поврзани со здравјето на луѓето, здравјето на животните или животната средина, фитофармацевтскиот производ мора веднаш и во период не поголем од шест месеци да се повлече од пазарот, складира и уништи согласно со прописите за управување со опасен отпад.

- Се усогласува степенот на образование и квалификациите, а се утврдува рамка за постигнување на одржлива употреба на фитофармацевтските производи со намалување на ризиците и влијанијата од нивната употреба врз здравјето на луѓето, животните и животната средина и следење на принципите на интегрирана заштита на растенијата. Се менува член 5 за работа на комисијата од Законот за фитофармација, се усогласува со Уредбата за утврдување на научноистражувачките полиња од трето ниво, како дополнување на двете нивоа на Меѓународната Фраскатиева класификација и истата е од суштинско значање за трговијата и прометот со пестициди– се посочува во Законот.

Меѓу другото е нагласено дека профилот на образование и достигнувањата во научно-истражувачките полиња на членовите на комисијата и знаењето од областа на фитофармацијата, фитомедицината и одржливата употреба на фитофармацевтските производи е согласно со измените и дополнувањата на Уредбата за утврдување на научноистражувачките полиња од трето ниво.

- Со изменувањата се намалува бројот на членови на Стручната комисија од 15 на 13 члена. Измените се предлагат со цел да се надминат настанатите проблеми и да се спречат поголеми нарушувања во стопанството односно се стави под контрола пазарот со фитофармацевтски производи. Измени се во делот на скратување на роковите од 120 дена на 60 дена во интерес на решавање и поедноставување на постапка за одобрување и пуштање во промет на фитофармацевтски производи– пишува во законот.

Воедно со измените се предлага фитофармацевстките производи за кои определена земја има донесено одлука решението за одобрување /авторизација на фитофармацевтскиот производ да биде поништено, изменето, не обновено по барање на подносителот на барањето или по службена должност, Фитосанитарната управа ќе одреди период за отстранување, складирање, ставање во промет или употреба на постоечките залихи на фитофармацевтскиот производ.

-  Со измените и дополнувањето се дава правен основ на Фитосанитарната управа да донесе решение за поништување на решението за одобрување/авторизација на производот, а се определува мерка каде Фитосанитарната управа нема да има право да издаде ново решение за увоз/набавка на овој производ– пишува во Законот. 

П.О.

Слично

Поврзани вести