НЕМА ВЕЌЕ ДА Ѝ СЕ СПОМЕНУВА ИМЕТО – ТАРАВАРИ ЈА РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТА НА „КОЗЛЕ“: Назначена на оваа функција е проф. д-р. Катерина Бошковска
Министерството за здравство информира дека за нова
директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф.
д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа
установа.
Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.
Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.
Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.
Инаку, министерот за здравство Арбен Таравари денеска потпишал решение за разрешување на досегашната директорка на болницата Козле, Каролина Симоновска, која изминатава недела беше обвинувана од дел од медицинскиот кадар во Клиниката „Козле“, а врв на сите превирања, стави токму таа кога испрати барање до сите медиуми да не и го споменуваат името.
