НЕМА УСЛОВИ ВО КОЧАНИ: Судењето за пожарот во Пулс ќе биде во Скопје
Нема услови во Кочани и затоа целиот предмет за пожарот во дискотеката Пулс ќе се одвива во главниот град.
Основниот кривичен суд во Скопје ќе го води судењето за пожарот во кој загинаа 62 луѓе, а 200 беа повредени. Оваа одлука денеска ја донесе Врховниот суд на Република Северна Македонија, откако е утврдено дека судовите во Кочани, Штип и Струмица немаат услови да го водат предметот.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката ‘Пулс’, го определи Основниот кривичен суд Скопје“, информираат од Врховниот суд.
Во случајот се обвинети 34 лица. Пожарот се случи на 16 март годинава.
