Нема училиште за невакцинираните деца
Невакцинираните деца нема да се примаат ниту во училиште, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче.
Според закон образованието е задолжително, но за ова одлука ресорното министерство се повикува на искуство од уставниот судза задолжително вакцинирање против заразни болести и за тоа дека никој нема право да го загрозува јавното здравје.
Вчера Комисијата за заразни болести прогласи епидемија од морбили во цела држава. Најдобар начин за заштита од ситни сипаници е вакцината затоа и истата е задолжителна. Затоа невакцинираните деца освен во градинка нема да се примат ни во училиште, истакнува Филипче.
Министерот исто така, додаде дека има МРП вакцини и до петок сите Центри за јавно здравје во земјава ќе бидат снабдени со дополнителни вакцини.
Слично
