Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема судење, Боки 13 повеќе од две недели во болница

Нема судење, Боки 13 повеќе од две недели во болница

Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“, се уште е на болничко лекување, поради што денеска се одложи главната расправа по овој предмет во Кривичниот суд Скопје.

Боки 13 на 8 септември итно беше пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, или поранешна Градска болница во Скопје, поради силно воспаление на желудецот, заради што му се направи операција.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа по предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, ја информираме јавноста дека главната расправа насрочена за денеска (24.09.2020 година) се одлага со оглед да еден од обвинетите сеуште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат, гласи соопштението од Кривичниот суд Скопје.
Кај Јовановски по направените анализи утврдено беше дека имал чир на желудникот кој прснал. Хируршкиот зафат беше неизбежен и тој веднаш беше опериран. Инаку, Јовановски претходно има две интервенции на желудникот

И претходно, додека траеја судските рочишта Боки 13 чесо се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми. На јавноста и е добро познат по случајот „Рекет“ во кој е осуден на 9 години затворска казна. 

Тој досега поднесе кривични пријави за најмалку 30 лица во скопското обвинителствокои се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен Сојуз“ и се однесуваат на злоупотреба на службената положба, несовесно лекување, измама, и така натаму.


Слично

Поврзани вести