Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема стабилизација - еве какво време се очекува

Нема стабилизација - еве какво време се очекува

Стабилизација на времето не е на повидок. 

Метеорологот Славчо Попоски вели дека до самиот крај на овој месец во Македонија продолжува долгиот период на променливо и многу нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд.

„Од пладневните часови на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови за поинтензивни атмосферски процеси кои би можеле да бидат застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме претпазливост.  И во делови од Скопската котлина понатаму ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На повидок нема никакво долготрајно стабилизирање на времето. Температурите во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите повремено се очекува да се искачат и малку над 25 степени“, вели Попоски. 

За првиот поизразен топлотен бран од Африка, како што доликува за овој период од годината и понатаму ќе се изначекаме.

Слично

Поврзани вести