Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Нема скандал во изминатите 3 месеци, а да не е поврзан со Тошковски и МВР“: СДСМ со остра реакција по утринското пукање во Скопје

„Нема скандал во изминатите 3 месеци, а да не е поврзан со Тошковски и МВР“: СДСМ со остра реакција по утринското пукање во Скопје

По пукањето и убиството кое утрово се случи во централното градско подрачје, поточно во близина на трговскиот центар „Мавровка“, се огласија од опозициската СДСМ, од каде истакнуваат дека престметките стануваат секојдневие, поради што граѓаните се чуствуваат несигурни. 

- За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени. 

Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите - се посочува во реакцијата на СДСМ. 

Од таму потсетуваат дека „во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства, а разрешница имало само за еден случај“.

- Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад. 

Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја, а граѓаните стравуваат за својата безбедност. 

Нема скандал во изминатите 3 месеци, а да не е поврзан со Тошковски и МВР. 

Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка - нагласуваат од СДСМ.

Слично

Поврзани вести