НЕМА СИЛНА АНТИВАКЦИНАЛНА КАМПАЊА ВО МАКЕДОНИЈА: Досега се вакцинирани околу 13.000 граѓани
Министерот за
здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека процесот на вакцинација во
земјава се спроведува без никакви проблеми. Ќе се настојува, како што рече, да
се зголеми бројот на вакцинации на дневна основа, но засега се се одвива според
планот.
Филипче истакна дека само во текот на вчерашниот ден се вакцинирале околу 2.500 од вкупно пријавените 2.800 граѓани, но смета дека во Македонија нема силна антивакцинална кампања.
-Освен објавите на социјалните мрежи и во некои медиуми, кај нас нема некое силно антивакцинално движење, нагласи министерот пред Спортскиот центар А1 Арена, каде што на 48 позиции се врши имунизација на населението.
Рече дека во земјава се вакцинирани околу 13 000 граѓани, но има бројот ќе биде поголем, бидејќи се очекуваат списоците на граѓаните кои изминатиот викенд се вакцинираа во Србија, а кои согласно препораките, ревакцината ќе ја добијат во Македонија.
