Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема реваншизам со „Госпоѓа министерка“ вп МНТ

Нема реваншизам со „Госпоѓа министерка“ вп МНТ

Неодамна назначениот директор на МНТ Драган Спасов Дац тврди дека нема никаков реваншизам кон актерката Весна Петрушевска и нејзината претстава „Госпоаѓа министерка“ која е една од најиграните и најпосетувани во изминатиот период туку донесена е одлука за отворање простор за нови претстави во МНТ пред истата да биде повторно достапна за публиката.

Претставата „Госпоѓа Министерка“ на Бранислав Нушиќ, а во режија на Наташа Поплавска наскоро повторно ќе се игра на сцената на МНТ, најави Драган Спасов Дац, директор на националниот театар.

Тој се огласи на социјалните мрежи откако актерката Весна Петрушевска, која ја толкува главната улога во претставата реагираше дека претставата е симната од репертоарот на МНТ.

– По изјавата на мојата драга колешка Весна Петрушевска, дека нејзината претстава “Госпоѓа министерка” е симната од репертоар, сакам да изјавам дека истата не е симната од репертоар! Претставата која беше во приватна продукција а пред некое време Весна изјави дека ја подарува на МНТ, ќе се игра!  Во моментов МНТ има многу нови и квалитетни претстави кои мораат да имаат приоритет и се спремаат три нови претстави од кои едната е „Мама миа”, мјузикл кој бара многу простор и време – вели Дац.

Според директорот на МНТ Претставата „Госпоѓа министерка“ наскоро повторно ќе се најде во програмата на театарот бидејќи има своја публика со што се расчистуваат недозразбирањата и големата фама која се крена изминатите денови.

– Во таа претстава се чувствува замор и ќе предложам да се среди сценографијата, костимите и да се направат неколку проби за истата да го добие првичниот сјај од премиерата.

Некои злобници помислија дека јас имам нешто против мојата колешка Весна, па нив ќе им одговорам. Во моментов Петрушевска подготува нова претстава во МНТ со нејзината приватна продукција. МНТ и јас и дадовме поддршка и гледачите наскоро ќе можат да ја видат на големата сцена – рече Драган Спасов Дац.

Слично

Поврзани вести