Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема решение за критичните точки што се поплавуваат во Скопје

Нема решение за критичните точки што се поплавуваат во Скопје
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски признава дека на дел од критичните точки во Скопје тешко оди справувањето со поплавите при поголемо невреме. И покрај мерките што се преземаат, со зголемување на капацитетите на пумпите за вода и нови инфраструктурни зафати, сепак не може да се гарантира дека и ново поголемо невреме нема да предизвика поплави на одредени локации. „Невремето што беше пред месец дена и ова од пред една недела, мислам дека доколку се повтори со истиот интензитет, што и да направиме не можеме да овозможиме овие критични точки целосно и постојано да бидат во функција. Ние можеме само да ветиме дека ќе направиме подобрувања за тие застои да бидат што помали“, вели Трајановски. Во соработка со општините и Министерството за транспорт и врски, Градот веќе изготвува и проекти за големи фекални и атмосферски колектори, чија вредност најверојатно ќе биде повеќе од 15 милиони евра.
Слично

Поврзани вести