Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема работа или младите не сакаат да работат?

Нема работа или младите не сакаат да работат?

И покрај големата невработеност, сезонски работници има се помалку.

Во соседна Србија ја истражувале оваа тема, за да се утврди дали навистина нема работа или младите не сакаат да работат.  За таа цел направени се разговори со млади белграѓани и луѓе кои работат во задруги.

Дали младите мислат дека парите ќе им „паднат од небо“ или сепак мора да ги заработат.

„Ќе работам сезонска работа, ако немам попаметна работа што да правам. Ќе работам сезонска работа во странство, ете чисто заради искуство, затоа што во Србија прво тешко се наоѓа работа и второ е неплатена. Би работел ако имам време и можност. Сега немам време заради испитите“-велат младите.

Младите во земјата не сакаат да го губат времето за евтини пари, а во меѓувреме има пензионери кои продаваат сладоледи или работат во кисок.

„Во нашата задруга од ден на ден расте побарувачката за работници, за пакување, лепење декларации, магацински работи, работа на промоции која е за девојки. Можеме да кажеме дека младите кои се дојдени од внатрешноста повеќе работат од оние од Белград“- објаснува Снежана Ѓуриќ од задругата „Трагач“.

Се бараат луѓе и во фабриката за овошје и зеленчук во Чачак. Она што ги „кочи“ младите е цената за час која често е пониска и од 130 динари.

Слично

Поврзани вести