Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема простории за гимназијалците Македонци во Тетово - ќе учат на плоштад

Нема простории за гимназијалците Македонци во Тетово - ќе учат на плоштад

Околу 250  гимназијалци Македонци денеска ќе држат часови на градскиот плоштад во Тетово, во знак на револт затоа што немаат соодветен  простор каде да учат.

Тетовските гимназијалци денеска ќе ја почнат учебната година, со цел да ги алармираат надлежните. 

„По макотрпното кршење копја околу обезбедување на училишен објект кој ќе ги прими учениците од македонски наставен јазик при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ решението е донесено настава да се изведува на градскиот плоштад во Тетово.  Ова е единствена алтернатива што може да се прифати од страна на учениците, професорите и родителите, во интерес на континуираното следење на зацртаниот наставен план и програма за оваа година. Теута, Пиштар, Спиро повикувате да се реши проблемот или имате патолошки здравствен проблем или пак психички, трето нема“ - се вели во соопштението од Советот на родители при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Оттаму го прашуваат заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, дали според Кембриџ програмата за која тој најавува дека од следната година ќе се реализира и во средните училиша е предвидено настава да се држи на отворен простор и дали оценувањето на ученикот ќе биде според неговиот капацитет на изржливост на ниски температури.

За овој проблем беше алармирано уште лани, но засега решение нема. 



Слично

Поврзани вести