Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ПРОСТОР ЗА ПАНИКА, ТРЕБА ДА СЕ ДЕЛУВА СТРУЧНО И ОРГАНИЗИРАНО: Д-р Лазаров ја смирува јавноста по скандалот во ЗОО

НЕМА ПРОСТОР ЗА ПАНИКА, ТРЕБА ДА СЕ ДЕЛУВА СТРУЧНО И ОРГАНИЗИРАНО: Д-р Лазаров ја смирува јавноста по скандалот во ЗОО

Нема потреба од паника, само треба да се делува стручно и организирано. Птичјиот грип, предизвикан од H5N1, е вирусна инфекција која главно се пренесува од птици на луѓе, вели д-р Ненад Лазаров на неговиот фејсбук профил.
Според него, главниот ризик за инфекција произлегува од контакт со болни или мртви птици, како и од површини контаминирани со нивните измет или плунка.
„Леталноста кај човечките случаи е висока, со стапка над 50%, а во некои случаи достигнува и до 90%.

Иако преносот од човек на човек е многу редок, постои загриженост за потенцијалната способност на вирусот да се адаптира и да се шири помеѓу луѓето.

Симптомите кај луѓето можат да варираат од благи до тешки, најчести симптоми вклучуваат:

кашлање, треска, замор, главоболка и болки во мускулите или телото, ринореја, отежнато дишење...

Неретко и конјунктивитис (воспаление на очите) како симптом.

Инкубацијата на вирусот обично трае од 18 до 72 часа.“, објави тој,




Слично

Поврзани вести