Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ПРОФИТЕРСТВО - сите аптеки ги зголемиле цените само оти купиле поскапо

НЕМА ПРОФИТЕРСТВО - сите аптеки ги зголемиле цените само оти купиле поскапо

Сите државни инспекторати се постојано на терен, а еве што тие и кажале на Владата за надзорите што ги извршиле и состојбата што ја затекнале.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вкупно 79 надзори. Констатирано е дека јавните превозници кај кои била извршена контрола одржуваат високо ниво на хигиена, согласно обврската која им беше доделена. 

Во однос на контролата при влез на патници на скопскиот аеродром и граничните премини додека беа отворени, констатирано е дека сите патници пополнувале писмена изјава со која под полна морална, материјална и кривична одговорност се обврзуваат да останат во самоизолација, а за истото им се издавала и писмена наредба.

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) во истиот период извршила вкупно 17 вонредни инспекциски контроли, при што е констатирано дека сите зголемени цени кај аптеките се должат на зголемената набавна цена на производите.

Државниот пазарен инспекторат извршил вкупно 8.200 надзори во извештајниот период. Констатирано е дека нема покачување на цените на производите во маркетите, а најголем дел од правните субјекти ги почитуваат мерките на Владата на РСМ во однос на забраната или начинот и времето на работење.

Од страна на инспекциските служби се затворени 6 угостителски објекти во Скопје, 3 во Тетово, по 2 во Битола и Гостивар и еден во Куманово.

Државниот инспекторат за транспорт констатирал дека меѓуопштинскиот сообраќај се одвива со намален интензитет од 68 до 80 отсто и се уште се редуцира од страна на превозниците, а меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин.

Во однос на правата од работниот однос, Државниот инспекторат за труд реализирал вкупно 573 контроли во претходните три дена, при што се донесени 5 решенија и 26 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.

Слично

Поврзани вести