Нема продолжување на учебната година
Владата одлучи дека нема да има продолжување на учебната година.
Владата на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.
„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.
Просветните работници претходно штрајкуваа со барање за повисоки плати, и немаше настава.
Слично
