Нема продолжен викенд, ама се ближи неработен ден
Денот на независностa се ближи а оваа година се паѓа во сабота.
Согласно законот за празници на РМ овој ден е неработен за сите граѓани .
Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември и ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
