Нема притвор за Мијалков, секој четврток ќе се јавува во суд
Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков секој четврток до 12 часот ќе треба да се јавува во Основниот суд Скопје 1 и му се одзема неговата патна исправа.
СЈО бараше притвор за Мијалков, а тој се жалеше на одлуката за одземениот пасош и бараше да се поништи одлуката за определените мерки за претпазливост и да му се врати пасошот. Апелацискиот суд одлучи да ја одбие жалбата на СЈО и да ја потврди одлуката на првостепениот суд. Меѓу фактите и околностите кои судот ги земал во предвид за да ја донесе ваквата одлука, според решението објавено на страната на судот се и тоа што Мијалков се појавил на јавната седница и дал ветување дека редовно ќе се јавува во судот.
Судот, се вели во решението, го ценел и фактот што работните ангажмани на Мијалков се во Република Чешка и неговите егзистенцијални релации се надвор од Република Македонија, но истата не ја цени како изолирана од другите околности. Оттука, се вели во решението, жалбата на СЈО е неоснована.
Ставот на судот да прифати поблагата мерка за определување на присуство за Мијалков, а не да му определи притвор е поткрепена и со тоа дека обвинетиот се појавил на јавната седница на Апелацискиот суд и дал ветување за негово присуство во текот на постапката.
Мијалков претходно изјави дека е невин, нема зошто да бега и ќе се јавува на суд.
СЈО побара притвор за Мијалков поради опасност од бегство.
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање, Сашо Мијалков е обвинет во споениот случај „Таргет“ и „Тврдина.
