НЕМА ПРИТВОР ЗА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ „ШУТКА“, ФИЛИП АНДОВ: Одредени се само мерки на претпазливост
Кривичниот суд – Скопје
информира дека не е определен притвор за поранешниот директор на затворот
„Шутка, Филип Андов - Сокол. Како што соопштија оттаму, на 10 лица определени се само
мерки на претпазливост.
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје,
постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран
криминал и корупција, за определување мерки за претпазливост против 10 лица
поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје,
донесе решенија со кои:
По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни
бранители, како и ценење на приложените факти и докази, го прифати предлогот и на 10 лица им
определи мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1 точки 1, 2, 3, како и
точки 6 и 7 од ЗКП за одредни обвинети, односно :
Забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, Обврска на
осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот, Привремено
одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница,
Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или
врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и Забрана за
преземање на определени работни активности, а кои се поврзани со кривичното дело.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, се наведува во соопштението на Основниот
кривичен суд – Скопје.
