Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема присилна вакцинација, уверуваат од Министерството за здравство по реакциите за новите анти ковид мерки

Нема присилна вакцинација, уверуваат од Министерството за здравство по реакциите за новите анти ковид мерки

По реакциите за новите анти ковид мерки, надлежните објаснуваат дека истите се на сила во многу земји. Како пример ги наведуваат Словенија, Хрватска и Грција. 

По соопштението на Конфедерацијата на синдикати во кое се тврди дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“, реагираат од Министерството за здравство. 

Oд Министерството велат дека вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно ако одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми поради кои не можат да се вакцинираат тоа не се присилени да го направат. 

„Во услови кога се заканува нов силен Ковид бран, должност на министерството и Комисијата е да предлагаат соодветни мерки кои со сигурност ќе дадат резултати како за намалување на ширењето на вирусот, така и за подигање на процентот на имунизирано население. Протести или други форми на изразување на незадоволство против мерките се демократско право, но исто така спротивно на здравствените препораки кои доаѓаат од светските здравствени институции“, стои во соопштението. 

Тие повикаа  на одговорно однесување. 

И од Здружението „Гласен Текстилец“ се спротивставија на овие мерки. Велат дека ако надлежните не ги повлечат, тие ќе ги оспорат пред Уставен суд. 

Во последното деноноќие во земјава имаме 9 починати и  476 нови случаи на коронавирусот. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести