Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ПРИЧИНА ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ, АТМОСФЕРАТА НАД МАКЕДОНИЈА Е СТАБИЛИЗИРАНА: Професорот Владо Спиридонов ја смирува јавноста

НЕМА ПРИЧИНА ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ, АТМОСФЕРАТА НАД МАКЕДОНИЈА Е СТАБИЛИЗИРАНА: Професорот Владо Спиридонов ја смирува јавноста

Во текот на ноќта атмосферата над Македонија значително се смири. Актуелната електрична активност е концентрирана далеку западно од земјата, над Јадранот, делови од Хрватска, БиХ и Црна Гора, како и над делови од Грција. Над Македонија во моментов нема значајна грмотевична активност, а небото над најголем дел од земјата е претежно мирно, објави метеорологот Владо Спиридонов.
„Според најновата прогноза на ESTOFEX, најизразената нестабилност во текот на среда ќе се преместува кон источните делови на Балканот, односно кон Бугарија, Романија, северна Грција и европскиот дел на Турција, каде е издадено предупредување од Level 2 според ESTOFEX за можни поинтензивни невремиња.

Во Македонија утре ќе има услови за локален развој на нестабилност, претежно во попладневните часови, но во овој момент не се очекува широко распространето или изразено невреме како во соседна Бугарија и Романија.

За ноќва нема причина за поголема загриженост. Атмосферата над Македонија е релативно стабилизирана, а главните грмотевични системи се наоѓаат надвор од нашето подрачје“, објави тој.



Слично

Поврзани вести