НЕМА ПРАВО НА ЖАЛБА: Oсомничен за упадот во М-НАВ доби 30 дена притвор
30-дневен притвор доби осомничен за упадот во М-НАВ.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12 јануари годинава на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решние со кое жалбата на Јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена.
Против ова решение не е дозволено право на жалба. Лицето беше уапсено на границата со Косово.
Надзорниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) во нов состав, го прифати предлогот на Владата за разрешување на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски и на нивно место ги назначи Хекуран Асани и Милан Кораќ, кои на новите функции стапуваат од наредната недела по комплетирањето на законските формалности. Инцидентот се случи на 4 јануари годинава.
