Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема повредени, возачот бил сам: Изгорениот автобус е на „Кит го“

Нема повредени, возачот бил сам: Изгорениот автобус е на „Кит го“

Нема повредени во пожарот во кој изгоре автобус денеска на автопатот Скопје - Штип. Од полицијата за Фактор велат дека во настанот се случил кај Лакинци светиниколско, и во моментов пожарот е изгаснат.

Возачот бил единствен патник во автобусот. Кога забележал дека нешто чади тој го паркирал возилото на десно и викнал противпожарна единица. Автобусот е во сопственост на штипската компанија Кит го. Полицијата е на терен.

Инаку автобусот изгоре речиси целосно. 

Претходна вест:


Телевизија Вис објави дека гори автобус на автопатот Скопје - Штип


Слично

Поврзани вести