Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема повеќе забрана за спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика

Нема повеќе забрана за спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика

Нема повеќе забрана за одржување спортски натпревари, и тие ќе се одржуваат без публика. 

Вака одлучи Владата на својата 73-та седница. 

„Владата донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите“, информираат од Владата.

Забраната беше воведена за да се спрчеи ширењето на коронавирусот. 

Но, во земјава со денови има голем број на новозаразени. 

За 24 часа имаме 126 нови инфицирани, и 4 починати. 

Слично

Поврзани вести